Јавна опомена за ТВ Телма – импресум

image_pdfimage_print

Скопје, 25 март 2019г. – По извршен редовен административен надзор и констатирано прекршување на обврските за објава на импресум, Советот на Агенцијата на ТВ Телма и изрече мерка јавна опомена.

Имено, на програмата на ТВ Телма на 2-ри февруари 2019 година, во изданието на емисијата „Незадолжително“, ниту на најавната, ниту на одјавната шпица не се објавени податоците за импресум, поточно за авторската, реализаторската екипа, податоците за уредништво и за датумот на продукција.

На ТВ Телма и е даден временски рок од 45 дена за усогласување со законските обврски.

Решението за изречената мерка јавна опомена е достапно на линкот.



Accessibility

Accessibility