Ново лого на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

logo-bez-natpisiЛогото е избрано на јавен анонимен конкурс, којшто Агенцијата го објави за избор на идејно решение за заштитен знак.

Новиот визуелен симбол, претставува надградба на логото на поранешниот Совет за радиодифузија. Преку еден модернизиран концепт, тоа е адаптирано на потребите и начинот на работење на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како регулаторно тело за издавачите на медиуми, давателите на аудиовизуелните медиумски услуги по барање и операторите на јавни електронски комуникациски мрежи.

 Makedonaski



Accessibility

Accessibility