Одбележување на Светскиот ден на слобода на медиумите

Скопје, 03.05.2018 – Во светло на денешното одбележување на Светскиот ден на слобода на медиумите, би сакале да истакнеме дека само независни медиуми, ослободени од сите видови притисоци можат да придонесат кон развој на демократски и просперитетни општества.

Слободата на изразување е темел на современите демократии, а само преку обезбедување на непречена и независна работа на медиумите може да се постигне прогрес. Токму затоа, новинарите, поради својата работа не смеат да бидат мета на политички или економски центри на моќ. Сепак, треба да се води сметка дека слободата на изразување не треба да се злоупотребува и дека медиумите имаат обврска да ги почитуваат професионалните новинарски и етички принципи.

Во однос на состојбата со медиумите во Македонија, според последните извештаи на меѓународните организации, изминатата година е забележан мал прогрес. Агенцијата, како и досега, ќе продолжи да делува проактивно на полето на унапредување на професионалните стандарди и на зголемување на свеста кај самите медиуми за улогата и одговорноста што ја имаат во општеството и пред граѓаните.
Се надеваме дека во годините што следат медиумската слика во Македонија значително ќе се подобри.



Accessibility

Accessibility