РАДИОДИФУЗЕРИТЕ НЕ ГО ПРЕКРШИЈА МОЛКОТ

Скопје, 01.10.2018 година – По проверката на начинот на известување на радијата и телевизиите за време на референдумскиот молк, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги информира дека ниту еден радиодифузер, кој беше предмет на надзор, не го прекрши молкот.

Радиодифузерите ја исполнија својата професионална обврска да ги информираат граѓаните во специфичен контекст карактеристичен за референдумски молк, а притоа да не ги прекршат правилата.

Во наредните денови Агенцијата ќе ги објави извештаите за констатираните прекршувања по други основи, како и извештајот за начинот на покривање на референдумот во последните 9 дена од кампањата.

 



Accessibility

Accessibility