Агенцијата ќе биде домаќин на работилница на тема “Заштита на малолетната публика од штетни медиумски содржини”

Скопје, 10.06.2014г.  – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во рамките на проектот на Совет на Европа “ Унапредување на слободата на изразување, информирање и слобода на медиумите во југоисточна Европа” ќе биде домаќин на работилница на тема “Заштита на малолетната публика од штетни медиумски содржини”.

Целта на ова работилница е заедно со експерти од Република Словенија, Кралството Холандија и Република Бугарија да бидат согледани искуствата  од примената на принципите и правилата за заштита на малолетната публика од медиумски содржини кои штетно може да влијаат врз нивниот физички, психички и морален развој.

Работилницата е во контекст на подготовка на новиот подзаконски акт за заштита на малолетната публика според одредбите од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Работилницата ќе се одржи утре на 11 јуни (среда), во хотел Холидеј Ин, Скопје, сала Милениум I, со почеток во 9:00 часот.



Accessibility

Accessibility