Хроника од 14-та седница

Скопје, 02.03.2018г. – На денешната седница Советот на Агенцијата донесе едно Решение за запирање на покрената постапка за одземање на дозвола за телевизиско емитување на Трговското радио дифузно друштво ТЕЛЕВИЗИЈА КОЧАНИ-ЛД ДООЕЛ Кочани.

Предлогот за покренување на постапка за одземање на дозволата на радиодифузер беше повлечен од Дневниот ред на 14-та седница, бидејќи радиодифузерот во меѓувреме го уплатил надоместокот за дозволата за радио емитување.

Со цел да се започнат постапки за јавни набавки кои се во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2018 година на Агенцијата, Советот даде одобрувања директорот на Агенцијата да ги спроведе следниве постапки за јавни набавки: за систем за управување со документи (ДМС) – надградба на постојниот интегриран софтвер за правно-финансиско и економско работење, тонери за принтер и копир апарати и ИСО (ISO) – (9001:2015).



Accessibility

Accessibility