Четврти јавен состанок во 2015 година

Агенцијата го одржа четвртиот јавен состанок за 2015 година

Скопје, 22.12.2015г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го одржа четвртиот јавен состанок за 2015 година. Воведно обраќање имаше директорот на Агенцијата д-р Зоран Трајчевски, кој ги презентираше активностите што Агенцијата ги реализираше изминатото тромесечје, согласно Годишната програма за работа – спроведените надзори; доделувањето на нови дозволи за телевизиско емитување преку јавна електронска комуникациска мрежа која не користи ограничен ресурс; изготвените анализи за структурата на вработените во аудио и аудиовизуелниот медиумски сектор во 2014 година; спроведеното Истражување за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици што емитуваат програма на државно ниво преку сателит или преку јавна електронска комуникациска мрежа и на телевизиските станици што емитуваат програма на регионално и на локално ниво, чии податоци се однесуваат на третиот квартал од 2015 година; изработената Студија за утврдување на оправданоста за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за телевизиско емитување на државно ниво; активностите на полето на европската и меѓународна соработка, при што беше посочено дека започна имплементацијата на ИПА 2011 проектот за обезбедување опрема за мониторинг на медиумските содржини.

За значењето и застапеноста на родовите во медиумите како и резултатите од Анализата на вестите и рекламите во 2015 година, чие изготвување произлегува од обврската утврдена во Законот за еднакви можности на жените и мажите, според која Агенцијата е задолжена еднаш годишно да поднесува извештаи за начинот на прикажување и претставување на жените и мажите во програмите и да изготви анализа на родовите прашања во програмските концепти и содржината на средствата за јавно информирање, излагање имаше Марина Трајкова, која учествуваше во изработката на оваа анализа.

Со цел да се подигне свеста кај медиумските работници за известувањето за различностите, м-р Ирена Цветковиќ од Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, ги претстави резултатите од истражувањето направено во рамките на проектот „Репрезентација на родовите малцински групи во медиумите: Србија, Црна Гора и Македонија“, како и наодите кои се однесуваат на состојбата на ова поле во Република Македонија.

Присутните имаа можност да ја проследат и презентацијата на Нацрт-Методологијата за мониторинг на изборното претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборните процеси, која ја претстави м-р Емилија Јаневска, раководителка на Секторот за програмски работи во Агенцијата. Во нејзиното излагање, детално беа образложени целите, опфатот и периодите на мониторинг на изборното медиумско претставување, по што следеше дискусија поврзана со дилемите кои ги имаа радиодифузерите, во однос на Нацрт-Методологијата.

Презентациите од четвртиот јавен состанок може да се преземат на следниве линкови:

 

м-р Емилија Јаневска

м-р Ирена Цветковиќ

Марина Трајкова

Добиените ставови и мислења и ставот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за четвртиот јавен состанок за 2015 година, можете да ги преземете тука


Агенда за четвртиот јавен состанок на Агенцијата

Пријава за учество на четвртиот јавен состанок на Агенцијата 



Accessibility

Accessibility