06.06.2011г. СРД изрече мерки за медиумите што го прекршија молкот на денот на изборите

СКОПЈЕ, 6 јуни, 2011 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница изрече мерки против радиодифузерите, коишто ги прекршиле законските одредби во покривањето на пред-изборните активности по повеќе основи. СРД ќе поведе прекршочни пријави против:

– ТВ А1, поради емитувани повеќе од 15 минути за платено политичко рекламирање на реален час и проширување на прекршочната пријава поради прекршување на предизборниот молк преку емитување на аудио-визуелни материјали во врска со кандидат во изборниот процес;
– ТВ Сонце, поради прекршување на изборниот молк и проширување на прекршочната пријава по истиот основ;
– МТВ 1, поради емитување рекламни спотови, финансирани од буџетот на РМ, емитувани во период на изборен молк;
– МТВ – Собраниски канал, поради емитување рекламни спотови, финансирани од буџетот на РМ, емитувани во периодот на изборната кампања.

Поради други помали пропусти, СРД упати укажувања до: ТВ А1, МТВ 2 (Програма на албански јазик) и до локалната телевизија ТВ Стар од Штип.

Службите за анализа на СРД продолжуваат со обработка на емитуваните материјали и на останатите национални, регионални и локални радиодифузери и доколку се констатираат прекршувања, СРД во текот на наредниот период ќе продолжи да изрекува мерки.



Accessibility

Accessibility