06.12.2013г. СРД одржа работилница за зајакнување на капацитетите на медиумските професионалци за прашањата на родовата еднаквост

image_pdfimage_print

Во Советот за радиодифузија на Република Македонија денеска (6 декември 2013) се одржа работилница за зајакнување на капацитетите на медиумските професионалци за прашањата на родовата еднаквост.

Присутните ги поздрави претседателот на Советот д-р Зоран Трајчевски, а обуката ја одржа доц. д-р. Викторија Боровска од Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје. Во нејзината презентација, таа ја претстави состојбата со третманот на родовите прашања и прикажувањето на жените и мажите на телевизиите во Република Македонија, до кои се дојде преку анализите на родовите прашања во медиумите што Институтот ги изработи за Советот во 2013 и 2012 година. Овие наоди беа ставени во поширок контекст преку историскиот осврт на појавата на родовата нерамноправност, како и преку приказ на актуелната ситуација во европски и светски рамки претставена во публикацијата на Советот на Европа „Жените и новинар(к)ите на прво место: Предизвик за медиумските професионалци да остварат демократија во праксата, квалитет во новинарството и да го запрат родовото стереотипизирање“.

Оваа работилница се реализираше како дел од активностите на Советот за радиодифузија за исполнување на обврските од Националната стратегија за родова еднаквост 2013 – 2020.



Accessibility

Accessibility