12.07.2011г. СРД ја зацврстува соработката со Независната комисија за медиуми на Република Косово

СКОПЈЕ, 12.07.2011 – Дигитализацијата на медиумите, методологиите за мониторинг на програмата,  заштитата на авторските и сродните права, водењето на ИПА проектите беа главните теми на денешниот состанок, што се одржа помеѓу делегацијата на Косовската Независна комисија за медиуми, предводена од  Наиле Красниќи и Советот за радиодифузија.

Состанокот го водеше заменик-претседателот на СРД, м-р Милаим Фетаи, кој истакна дека досегашната соработка помеѓу двете земји има простор за унапредување и продлабочување во сите сфери кои беа дискутирани. „Имаме многу заеднички прашања од областа на медиумската регулација, коишто бараат исти или слични решенија, па искуството што го имаме ние како СРД, како едно од најстарите регулаторни тела во регионот, ќе им помогне на колегите од Косово во градењето на ефективен систем на медиумска регулација, што ќе помогне во унапредувањето на слободата на медиумите.“ – рече м-р Фетаи.

Во рамките на посетата на СРД, делегацијата на косовското регулаторно тело имаше можност да разговара и со раководителите на секторите од Стручната служба на СРД, за одблизу да се  запознае со оперативното ниво на имплементацијата на Законот за радиодифузната дејност и подзаконските акти.



Accessibility

Accessibility