13 февруари – Светски ден на радиото

image_pdfimage_print

Скопје, 13.02.2019 – Годинешното осмо издание на „Светскиот ден на Радиото“ денеска, по покровителство на УНЕСКО меѓународно се прославува под мотото „дијалог, толеранција и мир“.

Радиото, како универзален медиум кој досега до различни заедници и маргинализирани групи, е совршена платформа за едуцирање, поттикнување јавни дебати, но и за борба против насилството и конфликтите.

Силата на радиото е во звукот, но и во тишината. Оваа моќна алатка преку информирање и едуцирање, ги урива бариерите, а истовремено поттикнува промени и обединува.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на сите радио станици во Република Македонија им го честита Светскиот ден на радиото и ги повикува да го одбележат на соодветен начин, преку дебати и дискусии.



Accessibility

Accessibility