Редовен програмски надзор врз ТВ Арт Чаннел, ТВ Компани 21-М, ТВ Нова и ТВ Шења

image_pdfimage_print

Скопје, 13.04.2018 – Агенцијата спроведе редовен програмски надзор врз ТВ Арт Чаннел, ТВ Компани 21-М, Нова ТВ и ТВ Шења за обврските за заштита на малолетните лица од програми што можат да наштетат на нивниот физички, психички или морален развој, за правилата за емитување комерцијални комуникации, за обврските при обезбедување квизови или други облици на наградното учествување, користење телефонски услуги со додадена вредност и телефонско гласење и за емитување игри на среќа.

Со надзорот е констатирано дека на 13 март, на програмата на ТВ Компани 21-М, промотивните најави за сериите „Kalbimdeki“ и „Kara Sevda“ се емитувани без предупредувачка сигнализација за заштита на малолетните лица, додека серијалот „Avenida Brazil“ е емитуван во несоодветен временски период од деноноќието.

На програмата на ТВ Aрт Чаннел на 14 март, серијата „72 Hours true crime“ е емитувана во несоодветен термин без предупредувачка сигнализација. Со сигнализација за заштита на малолетни лица не беа обележани ни промотивните најави за сериите „Friends“ и „The story of Tracy Beaker“.

Извештаите може да се преземат на следните линкови:

ТВ Арт Чаннел – (член 50 став 3, членови 53, 54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 13.04.2018
ТВ Компани 21-M  – (член 50 став 3, членови 53, 54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 13.04.2018
ТВ Нова – (член 50 став 3, членови 53, 54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 13.04.2018
ТВ Шења  – (член 50 став 3, членови 53, 54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 13.04.2018



Accessibility

Accessibility