Извршен административен надзор врз магазинот Леона

Скопје, 16.04.2018 – Агенцијата спроведе вонреден административен надзор врз месечниот магазин Леона за обврската за објавување на импресум.

Надзорот покажа дека спротивно на Законот за медиуми, во изданието бр.2 за април 2018 година на овој магазин, не се објавени податоците за адресата на издавачот на медиумот и адресата на печатницата, како и датумот на печатење или препечатување.

Извештајот може да се преземе на следниот линк