Изречени мерки-опомена на 7 радиодифузери

Скопје, 27.04.2018г. – Врз основа на редовен админитративен надзор врз програмата на Радио Клуб ФМ, Радио БИ-КИ-АЛ, Радио Фортуна, Сити Радио и Капитол ФМ и констатирано непочитување на обврската во законски предвидениот рок да достават до Агенцијата писмен извештај за спроведувањето на обврските утврдени во дозволата за радио емитување, Агенцијата им изрече мерки-опомена.


Мерка-опомена изречена е и на Радио Лав од Охрид поради необјавување на информации коишто треба да се направат достапни до корисниците, како и на РТВ Орбис од Битола поради необјавување на податоци за сопственичка структура, уредништво и за изворите на финансирање во 2017 година, најдоцна до 31 март 2018 година.

Изречените мерки се достапни на следните линкови:

Радио Клуб ФМ – (член 15 став 5 од Законот за медиуми) – 26.04.2018
Радио БИ-КИ-АЛ – (член 15 став 5 од Законот за медиуми) – 26.04.2018
Радио Фортуна – (член 15 став 5 од Законот за медиуми) – 26.04.2018
Сити Радио – (член 15 став 5 од Законот за медиуми) – 26.04.2018
Капитол ФМ – (член 15 став 5 од Законот за медиуми) – 26.04.2018
Радио Лав – (член 15 став 1 од Законот за медиуми) – 26.04.2018
РТВ Орбис – (член 15 став 3 од Законот за медиуми) – 26.04.2018



Accessibility

Accessibility