Сите материјали поврзани со мониторингот на изборното медиумско претставување на радиодифузерите
се достапни во банерот „Избори 2024“.

 

На 28 март 2024 година (четврток) со почеток во 14:30 часот, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе го одржи првиот јавен состанок за 2024 година.

Повеќе информаци за настанот во банерот „Јавен состанок“

ДОНЕСЕНО УПАТСТВО ЗА РАДИОДИФУЗЕРИТЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ И ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024

Скопје, 29 март 2024 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со цел појаснување на начинот на примена на правилата од Изборниот законик донесе Упатство за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024.

Родово заснованото насилство на националните телевизии во фокусот на првиот јавен состанок на АВМУ

Скопје, 28 март 2024 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го одржа првиот јавен состанок за оваа година, на кој директорот д-р Зоран Трајчевски направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатите три месеци.

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Скопје, 22 март 2024 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува вчерашниот физички напад од страна на извршителката Весна Јакимовска од Кичево, врз новинарот Фуркан Салиу од ПорталИкс

Одржана работилница за справување со говорот на омраза кај медиумите и онлајн платформите

Скопје, 21 март 2024 – Вчера во рамки на Твининг проектот “Зајакнување на капацитетите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Јавниот радиодифузен сервис”, се одржа работилницата „Справување со говорот на омраза кај медиумските услуги и онлајн платформите“, наменета за членките на Мрежата против говор на омраза во медиумите и вработените во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

ОБЈАВЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРЕДИЗБОРНОТО МЕДИУМСКО ПРЕТСТАВУВАЊЕ ОД 15 ФЕВРУАРИ ДО 7 МАРТ

Скопје, 15 март 2024 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го објави Извештајот од мониторингот на медиумското претставување за претстојните претседателски и парламентарни избори, за периодот од 15 февруари до 7 март 2024 година

Мапа на сајтот



Accessibility

Accessibility