image_pdfimage_print

Редовен административен надзор врз 9 телевизии на државно ниво

image_pdfimage_print

Скопје, 23.11.2017г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовен административен надзор врз националните телевизии – ТВ Сител, ТВ Канал 5, ТВ Телма, ТВ Алсат-М, ТВ Алфа, ТВ Нова, ТВ Шења, ТВ Арт Чаннел и ТВ Компани 21-М, за законските одредби кои се однесуваат на импресум, информации достапни за корисниците и идентификација на радиодифузерите. Надзорот е предвиден во планот за административен надзор за 2017 година, а се реализираше по завршување на Локалните избори.

Редовен програмски надзор врз 9 телевизии на државно ниво

image_pdfimage_print

Скопје, 23.11.2017г. – За повеќе одредби од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовен програмски надзор врз националните телевизии – ТВ Сител, ТВ Канал 5, ТВ Телма, ТВ Алсат-М, ТВ Алфа, ТВ Нова, ТВ Шења, ТВ Арт Чаннел и ТВ Компани 21-М. Надзорот е предвиден во планот за програмски надзор за 2017 година, а се реализираше по завршување на Локалните избори.

Редовен програмски надзор врз 9 ТВ сервиси на државно ниво – квота за емитување музика

image_pdfimage_print

Скопје, 23.11.2017г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовен програмски надзор врз телевизиските програмски сервиси на државно ниво коишто емитуваат програма преку дигитален терестријален мултиплекс (ТВ Сител, ТВ Канал 5, ТВ Телма, ТВ Алсат-М и ТВ Алфа) и преку кабел (ТВ Нова, ТВ Шења, ТВ Арт Чаннел и ТВ Компани 21-М). Надзорот е предвиден во планот за програмски надзор за 2017 година, а се реализираше по завршување на Локалните избори.

Редовен административен надзор врз сите радија и ТВ програмски сервиси

image_pdfimage_print

Скопје, 22.11.2017г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовен административен надзор врз сите радиодифузери коишто емитуваат телевизиска или радио праграма, за обврската на радиодифузерите најдоцна, до 31 октомври 2017 година, во ударните термини на програмата, да ги објават податоците за сопственичка структура, уредништво и извори на финансирање во претходната година, и снимка од објавата да достават до Агенцијата.

Вонреден програмски надзор врз КДС-Кабел Нет Прилеп

image_pdfimage_print

Скопје, 22.11.2017г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги спроведе вонреден програмски надзор врз кабелскиот оператор КДС-Кабел Нет Прилеп, со цел да утврди дали операторот ги испочитувал правилата – за емитување или реемитување програмски сервиси со порнографија во кодиран облик, за титлување, за регистрирање програмски сервиси согласно член 141, и за реемитување на програмски сервиси на домашни радиодифузери само во сервисната зона за која радиодифузерите имаат добиено дозвола за обезбедување на ТВ или радио емитување и врз основа на регулирани авторски и сродни права, согласно Законот за авторските права и сродните права.

line

Мапа на сајтот



Accessibility

Accessibility