Изречени мерки јавна опомена за операторот Спајдер и издавачот на печатени медиуми Колор Медиа Плус

Скопје, 11 април 2024 – Врз основа на констатации од надзор, Советот на Агенцијата на 14-та седница одржана на 8 април 2024 година, донесе две Решенија за изрекување на мерка јавна опомена. Една за кабелскиот оператор СПАЈДЕР ДОО од Гевгелија за реемитување програмски сервис којшто не е регистриран во Агенцијата, и втората за печатениот медиум КОЛОР МЕДИА ПЛУС од Скопје издавач на “The Еconomist” […]

РАДИОДИФУЗЕРИТЕ ДА НЕ ЕМИТУВААТ ППР СО МАЛОЛЕТНИЦИ

Скопје, 9 април 2024  – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со мониторингот на изборното медиумско претставување за Претседателските избори 2024 година, констатираше дека, спротивно на член 76 став 3 од Изборниот законик, во платено политичко рекламирање на претседателските кандидати Стево Пендаровски и Бујар Османи учествуваат малолетници.[…]

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Скопје, 7 април 2024 – Во врска со случајот поврзан со новинарот Фуркан Салиу, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го повикува Министерството за внатрешни работи веднаш, односно во најскоро време да го расчисти случајот и да ја информира јавноста за причините за неговото приведување[…]

Осуда на нападот на новинарската екипа на ТВ 24 Вести

Скопје, 5.04.2024 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува вчерашниот вербален напад на новинарка и снимател од ТВ 24 Вести од непознато лице, за време на партискиот митинг на ВМРО ДПМНЕ.[…]

Редовен програмски надзор врз давателот на АВМУ по барање Свод Мастер

Скопје, 5 април 2024 – За обврските коишто се однесуваат на пренесување на кинематографски дела и заштита на малолетните лица, извршен е редовен програмски надзор врз давателот на АВМУ по барање Свод Мастер[…]

Редовен административен надзор врз 21 печатен медиум

Скопје, 5 април 2024 – Агенцијата спроведе редовен административен надзор врз 21 издавач на печатен медиум со цел да констатира дали истите ги објавиле податоците за сопственичката структура, податоците за називот и седиштето на правните лица или името и местото на престојување на физичките лица кои се сопственици на акции или на удел кај издавачот на медиумот[…]

ТВ содржини кои ќе бидат прилагодени за лицата со попреченост за време на Изборите 2024

Скопје, 3 април 2024 – Согласно обврските од Изборниот законик, Јавниот радиодифузен сервис, односно Првиот и Вториот програмски сервис на Македонска телевизија и приватните телевизиски програмски сервиси на државно ниво што ќе објавуваат платено политичко рекламирање, имаат обврска при известувањето за изборите, едно издание на вестите и една содржина емитувана во периодот од 16.00 – 24.00 часот да ја прилагодат за лицата со сетилна попреченост.

[…]

Редовен програмски надзор врз операторите Датаком ЈВ, Македонски Телеком, Неотел и Спајдер

Скопје, 3 април 2024 –  Агенцијата изврши редовен програмски надзор врз операторите Датаком ЈВ, Македонски Телеком, Неотел и Спајдер за обврската во програмскиот пакет којшто го реемитуваат задолжително и бесплатно да ги обезбедат програмските сервиси на јавниот радиодифузен сервис, како и за обврските за регистрација на програмски сервиси во Агенцијата и титлување на програмите коишто ги реемитуваат[…]

Одржана панел дискусија посветена на политичкото рекламирање и интегритетот на изборите

Скопје, 3 април 2024 – Во организација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) денес се одржа панел дискусијата „Политичкото рекламирање и интегритетот на изборите“. Целта на настанот беше да се поттикне меѓу-институционален дијалог за предизвиците на изборниот интегритет во однос на политичкото рекламирање.[…]



Accessibility

Accessibility