Одговор до ММА во врска со усвоената Методологија за избори

Скопје, 31.08.2016г. – Македонската медиумска асоцијација (ММА), се обрати со допис до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во врска со усвоената Методологија за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во 2016 година.[…]

Одговор до СДСМ на барањето за измена на Методологијата за мониторинг

Скопје, 29.08.2016г. – Од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија пристигна барање за измена на Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во 2016 година.
Дописот пристигна по завршувањето на седницата на Советот на Агенцијата, која се одржа на 26.08.2016 година, и на која Советот едногласно ја усвои Методологијата во нејзината конечна форма.[…]

Донација од 1.000.000 денари за санирање на последиците од поплавите во Скопскиот регион

Скопје, 26.08.2016 година – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната 29-та седница, донесе одлука за доделување на финансиска помош – донација за санирање на последиците од поплавите во Скопскиот регион, во износ од 1.000.000 денари.[…]

Усвоена Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување

Скопје, 26.08.2016г. – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната 29-та седница, ја усвои Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во 2016 година. Истата е достапна на линкот во прилог:[…]

Реакција на написот во Дневник „За да изградат случај против мене, го глумат и Нострадамус“

Скопје, 26.08.2016 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро реагира на текстот „За да изградат случај против мене, го глумат и Нострадамус“, објавен во весникот Дневник на 25 август, со кој се прави уште еден обид за притисок врз регулаторното тело и тоа шест месеци по настанот на кој се реферира.[…]

Реакција на соопштението на СДСМ „Петтиот член на ад-хок телото мора да биде експерт, Груевски не може да спречи фер избори“

Скопје, 25.08.2016 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги упатува остра реакција на ставовите изнесени во соопштението на СДСМ под наслов „Петтиот член на ад-хок телото мора да биде експерт, Груевски не може да спречи фер избори“.[…]

Привремената комисијата за следење на медиумското претставување не постигна консензус за петтиот член

Скопје, 24.08.2016 година – Привремената комисија за следење на медиумското претставување ја известува јавноста дека на денешниот состанок не постигна консензус за избор на петтиот член.[…]

Одржан состанок за Нацрт-Методологијата за изборно медиумско претставување

Скопје, 23.08.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес одржа состанок на кој ја презентираше Нацрт-методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во 2016 година.[…]

Агенцијата изрече мерка-опомена на ТВ Хана Куманово

Скопје, 18.08.2016г. – Врз основа на спроведен редовен административен надзор врз ТВ Хана, Мевљан ДООЕЛ Куманово и констатирано прекршување на член 14 од Законот за медиуми, на овој радиодифузер му е изречена мерка-опомена и му е наложено во рок од 45 дена, од денот на приемот на ова Решение, да го усогласи своето работење согласно законската одредба.[…]

Усвоена Нацрт-методологија за мониторинг на изборното медиумско претставување

Скопје, 17.08.2016 година – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на денешната седница ја усвои Нацрт-методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во 2016 година, и истата е достапна на следниот линк.
[…]



Accessibility

Accessibility