Повик за доставување забелешки по Нацрт – регистарот на оператори кои реемитуваат програмски пакети, Нацрт – Регистарот на издавачи на медиуми и Нацрт – пријавата за евидентирање во регистарот на ОЈКМ и регистрација на програмски сервиси

Скопје, 13.02.2014г – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 8-та седница одржана на 13 февруари 2014 година го усвои Нацрт-регистар на оператори кои реемитуваат програмски пакети, Нацрт – Регистар на издавачи на медиуми и Нацрт – пријава за евидентирање во регистарот на оператори на јавни комуникациски мрежи и регистрација на програмски сервиси.[…]

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го честита Светскиот ден на радиото

СКОПЈЕ, 13.02.2014г– 13 февруари е Светскиот ден на радиото, ден кога радиото се слави како медиум кој ги едуцира луѓето, обезбедува информации и ја промовира слободата на изразување во различните култури. Целта на одбележувањето на овој ден е да се зголеми свеста на јавноста и медиумите за значењето на радиото,[…]

05.02.2014г. Одржана прес-конференција на тема „Презентација на проектот за мониторинг на регионалните телевизии“

Скопје, 05.02.2014г. Агенцијата за аудио и aудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија, Министерството за информатичко општество и администрација и телекомуникацискиот оператор „ONE”, денес одржаа прес – конференција на која беше презентиран проектот за мониторинг на регионалните телевизии.[…]

04.02.2014г. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги повикува медиумите да известуваат професионално

СКОПЈЕ, 04.02.2014г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува медиумите дека при информирањето за општествените теми и настани, а особено за време на чувствителни периоди како што се  изборните кампањи, треба да водат сметка за почитување на професионалните новинарски стандарди и принципи и начелата утврдени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.[…]

Закажана прес-конференција на тема „Презентација на проектот за мониторинг на регионалните телевизии“

Агенцијата за аудио и aудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија, заедно со Министерството за информатичко општество и администрација и телекомуникацискиот оператор „ONE’ ќе одржат прес – конференција на тема „Презентација на проектот за мониторинг на регионалните телевизии“.[…]

03.02.2014г. Радиодифузерите да достават ценовници за платено политичко рекламирање најдоцна до 6 февруари 2014г.

Скопје, 03.02.2014г. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите на обврската за утврдување и доставување ценовници за платено политичко рекламирање на учесниците во изборниот процес. Имено, согласно одредбите од член 75-ѓ од Изборниот законик,[…]

29.01.2014г. Соопштение за јавност

Агенцијата за аудио и aудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија на 04-та седница која се одржа на 28.01.2014, ги усвои Концептот за мониторинг на радио и телевизиските програмски сервиси и Mетодологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радиотелевизиските програмски сервиси за време на изборни процеси.[…]

28.01.2014г. Агенцијата ги усвои Концептот и Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување

Скопје, 28.01.2014г. Агенцијата за аудио и aудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија на 04-та седница која се одржа на 28.01.2014, ги усвои Концептот за мониторинг на радио и телевизиските програмски сервиси и Mетодологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радиотелевизиските програмски сервиси за време на изборни процеси.[…]

Одржан состанок со оператори на јавни електронски комуникациски мрежи

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги одржа состанок со операторите на јавни комуникациски мрежи, чија цел беше претставниците на операторите на јавни комуникациски мрежи да се запознаат со обврските кои за нив произлегуваат од новодонесениот Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. На состанокот,[…]



Accessibility

Accessibility