Даватели на АВМУ по барање

image_pdfimage_print

Видео по барање (или согласно законот, аудиовизуелна медиумска услуга по барање) е услуга со која му се овозможува на корисникот тој самиот да избере кои програми сака да ги гледа и во кој период сака да ги гледа. Програмите се избираат од однапред подготвен каталог на програми.

Ваква услуга може да се дава само по претходно издадена потврда од страна на Агенцијата. Во Регистарот на даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање досега се евидентирани два субјекти. Едниот ја обезбедува услугата Max TV Видеотека, а другиот Vip Now on Demand.

Агенцијата врши надзор врз обврските за кинематографски дела  (кои не смеат да се објавуваат односно пренесуваат надвор од периодот утврден во договорите со имателите на права); заштита на малолетни лица и за промоција на производство и пристап до европски дела (последната обврска не е задолжителна туку кога тоа е изводливо).

 

 



Accessibility

Accessibility