Најава за промоција на две активности насочени кон надминување на родовите стереотипи во медиумите – 01.03.2018г.

Дата:
март 1, 2018 @ 12:00 pm – 4:00 pm
2018-03-01T12:00:00+01:00
2018-03-01T16:00:00+01:00

Скопје, 26.02.2018г. – На 1 март 2018 година (четврток) со почеток во 12 часот, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги организира настан на кој ќе промовира две од своите активности насочени кон надминување на родовите стереотипи во медиумите.

На настанот ќе бидат презентирани резултатите од истражувањето – Родот во телевизиските програми за 2017 година, како и видео и аудио спотови од кампања против сексизмот во медиумите.

Настанот ќе се одржи во просториите на Агенцијата, конференциска сала – втори кат.



Accessibility

Accessibility