Најава за работен состанок – 17.09.2018г.

Дата:
септември 17, 2018 @ 1:00 pm
2018-09-17T13:00:00+02:00
2018-09-17T13:15:00+02:00

Скопје, 14.09.2018г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во понеделник 17 септември 2018 година, со почеток во 13 часот, ќе одржи работен состанок во врска со Нацрт-Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборни процеси и Нацрт-Упатството за исполнување на обврските за импресум и информации достапни за корисниците.

Целта на состанокот е да се слушнат мислењата и ставовите на засегнатите страни во однос на двата документа, пред истите да бидат усвоени во конечна верзија.

Состанокот ќе се одржи во просториите на Агенцијата конференциска сала – втори кат.



Accessibility

Accessibility