header logo

  • koi sme niee
  • sto rabotime
  • Server sala
  • Server sala 1
  • 55

MK Radiodifuzeri

OJEKM MK

Pecateni mediumi MK

РОДОТ ВО ТЕЛEВИЗИСКИТЕ ПРОГРАМИ

pdfАнализа на Родот во телевизиските програми во 2016 година

pdfАнализа за Родот во телевизиските програми во 2015 година

pdf Анализа за Родот во телевизиските програми во 2014 година

pdf Анализа за Родот во телевизиските програми во 2013 година

pdf Анализа за Родот во телевизиските програми во 2012 година

АНАЛИЗИ НА СТРУКТУРА НА ВРАБОТЕНИТЕ

pdfАнализа на структурата на вработените во аудио и аудиовизуелната медиумска индустрија во 2015 година

pdfАнализа на структурата на вработените во аудио и аудиовизуелниот медиумски сектор во 2014 година

pdfАнализа на структурата на вработените во радиодифузната индустрија во 2013 година

pdfАнализа на структура на вработените во радиодифузната индустрија во 2012 година

pdfАнализа на структура на вработените во радиодифузната индустрија во 2011 година


 

Поплаки и претставки во врска со родовата еднаквост

За сите поплаки, претставки и прашања во врска со медиумските содржини кои сметате дека се спротивни на принципите на родовата еднаквост, контактирајте не на: 

e-mail: contact@avmu.mk

тел: (02) 3103 400

Вашите барања можете да ги доставите по пошта, на адреса:

Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија,
Палата Панко Брашнаров, ул. „Македонија“ бр.38, 1000 Скопје


 

Извештаи за работата на координаторот и заменик координаторот за еднакви можности за жените и мажите во органите на државната управа:

Годишен извештај за работата на координаторот и заменик координаторот за еднакви можности за жените и мажите во органите на државната управа за 2016 година

Годишен извештај за работата на координаторот и заменик координаторот за еднакви можности за жените и мажите во органите на државната управа за 2015 година

Годишен извештај за работа на координаторот и заменик координаторот за еднакви можности за жените и мажите во органите на државната управа за 2014 година 

 


ДОКУМЕНТИ ОД СОВЕТ НА ЕВРОПА

pdfПрепорака CM/Rec(2010)5 на Комитетот на министри до земјите-членки во врска со мерките за борба против дискриминација по основа на сексуална ориентација или родов идентитет 

pdfЖените и новинар(к)ите на прво место - ПРИРАЧНИК од Совет на Европа

pdfПрепорака CM/REC (2013) - на Комитетот на министри до државите-членки за родовата еднаквост и медиумите

pdfПрепорака 1931 (2010) - Борба против сексистичките стереотипи во медиумите

pdfПрепорака 1555 (2002) - Сликата на жените во медиумите

 pdfРезолуција 1751 (2010) - Борба против сексистичките стереотипи во медиумите


 АКТИВНОСТИ НА АГЕНЦИЈАТА - РОДОТ ВО МЕДИУМИТЕ 

 
Одржан четвртиот јавен состанок на Агенцијата за 2016 година
 

4 Javen sostanon 2016 2Скопје, 30.12.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, вчера го одржа последниот јавен состанок за 2016 година. На почетокот, Директорот на Агенцијата д-р Зоран Трајчевски ги презентираше активностите што Агенцијата ги реализираше изминатото тромесечје, согласно Годишната програма за работа. Фокусот на Агенцијата во последните три месеци беше посебно насочен кон мониторингот на изборното медиумско претставување. Стручната служба на Агенцијата изготвуваше извештаи за секој период од 10 дена, кои се однесуваа на почитувањето на одредбите од Изборниот законик за правично, избалансирано и непристрасно известување во вкупната програма и на забраната за редовните активности на органите на власт во функција да се известува во функција на изборно медиумско претставување на политички субјект; и извештаи за констатирани прекршувања на Изборниот законик, кои Агенцијата ги подготвуваше веднаш по регистрирање на прекршувањата. За сторените прекршоци, Агенцијата, во рок од 48 часа од доставувањето на Предлозите од Привремената комисија за следење на медиумското претставување покренуваше прекршочни постапки. Покрај мониторингот на изборното медиумско претставување, Агенцијата реализираше и програмски, административни и стручни надзори согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Законот за медиуми. За констатираните прекршувања беа изречени мерки.

4 Javen sostanon 2016 1Изминатиот период, Агенцијата изработи Студија за утврдување на оправданоста за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за радио емитување на локално ниво, на подрачјето на општина Кривогаштани и неколку анализи и истражувања: за Структурата на вработените во аудио и аудиовизуелната медиумска индустрија во 2015 година; истражување - Телевизијата и лицата со сетилна попреченост-понуди и потреби и анализа на Родот во телевизиските програми во 2016 година (согласно Законот за еднакви можности на жените и мажите). Резултатите од Анализата на вестите и рекламите во 2016 година, ги презентираше Марина Трајкова, која учествуваше во изработката на оваа анализа. Воедно, таа говореше и за застапеноста на родовите во медиумите и нивното значење. (Повеќе информации...)

 

Презентациите од четвртиот јавен состанок се достапни на следниве линкови:

д-р Зоран Трајчевски 

Спроведени активности согласно годишната програма за работа на АААВМУ

м-р Сашо Богдановски

Пристап до програмите на радиодифузерите за лица со оштетен вид и СЛУХ, потреби и понуда (презентација)

Пристап до програмите на радиодифузерите за лица со оштетен вид и СЛУХ, потреби и понуда (word)

м-р Емилија Петреска-Камењарова

Нивото на медиумската писменост кај возрасната популација во РМ 

Патување кон медиумската писменост - За свесноста, Што правам јас - СПОТ

Марина Трајкова

Родот во медиумите 2016 година


 Агенцијата го одржа четвртиот јавен состанок за 2015 година

22.12.2015--Javen sostanokСкопје, 22.12.2015г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го одржа четвртиот јавен состанок за 2015 година. Воведно обраќање имаше директорот на Агенцијата д-р Зоран Трајчевски, кој ги презентираше активностите што Агенцијата ги реализираше изминатото тромесечје, согласно Годишната програма за работа - спроведените надзори; доделувањето на нови дозволи за телевизиско емитување преку јавна електронска комуникациска мрежа која не користи ограничен ресурс; изготвените анализи за структурата на вработените во аудио и аудиовизуелниот медиумски сектор во 2014 година; спроведеното Истражување за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици што емитуваат програма на државно ниво преку сателит или преку јавна електронска комуникациска мрежа и на телевизиските станици што емитуваат програма на регионално и на локално ниво, чии податоци се однесуваат на третиот квартал од 2015 година; изработената Студија за утврдување на оправданоста за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за телевизиско емитување на државно ниво; активностите на полето на европската и меѓународна соработка, при што беше посочено дека започна имплементацијата на ИПА 2011 проектот за обезбедување опрема за мониторинг на медиумските содржини... (ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ )

Презентациите од четвртиот јавен состанок може да ги преземете на следните линкови:

м-р Емилија Јаневска

Нацрт - Методологија за мониторинг на изборното претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборните процеси

м-р Ирена Цветковиќ

Репрезентација на родовите и сексуалните малцински групи: стигма или отсуство

Марина Трајкова

Родот во медиумите: резултати од родовите анализи на вестите и рекламите во 2015 година


 
Одржана дебата „Критичко разбирање на медиумите – род, млади, медиумска писменост“

Debata vebСкопје, 23.12.2014 - Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во рамките на исполнувањето на своите законски обврски да ја поттикнува медиумската писменост и да го следи третирањето на родот во медиумите, организираше дебата насловена “Критичко разбирање на медиумите - родот, млади, медиумска писменост”, којашто беше одржана во просториите на ЕУ Инфо-центарот во Скопје... (Повеќе информации...)

 


Одржана јавна седница на тема „Родот и медиумите"

za na veb javna sednica

Скопје, 11.11.2013г. - Советот за радиодифузија одржа јавна седница на тема „Родот и медиумите“. Настанот го отвори претседателот на Советот д-р Зоран Трајчевски,а  присутните ги поздравија и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и претседателката на Собраниската комисија за еднаквост на жените и мажите м-р Лилјана Поповска... (Повеќе информации...)

 


СРД одржа работилница за зајакнување на капацитетите на медиумските професионалци за прашањата на родовата еднаквост

za veb rodot i mediumiteСкопје, 6.12.2013г. - Во Советот за радиодифузија на Република Македонија денес се одржа работилница за зајакнување на капацитетите на медиумските професионалци за прашањата на родовата еднаквост.

Присутните ги поздрави претседателот на Советот д-р Зоран Трајчевски, а обуката ја одржа доц. д-р. Викторија Боровска од Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје...(Повеќе информации...)

 

 

 

 

STRATEGIJA 2018 2022

Izbori 2016

pretstavkamk

mediumskapismenostmk

odgovorispravkamk

slika-4f-copy

licasosetilnapoprecenost

mk

zakon-avmu-mak

zm-mak