header logo

  • koi sme niee
  • sto rabotime
  • Server sala
  • Server sala 1
  • 55

MK Radiodifuzeri

OJEKM MK

Pecateni mediumi MK

Истражување „Пристап до програмите на радиодифузерите за лица со оштетен вид и слух - понуда и потреби“

 Israzuvanje med.pismenostВо четвртото тромесечје од 2016 година заврши Истражувањето „Пристап до програмите на радиодифузерите за лица со оштетен вид и слух - понуда и потреби“, предвидено со тригодишната Програма за обезбедување достапност до медиумите на лицата со сетилна попреченост, донесена во 2015 година. Резултатите од ова истражување беа презентирани на четвртиот јавен состанок на Агенцијата, кој се одржа на 29 декември 2016 година. 

За целите на ова истражување беше изготвен Прашалник за тоа колкава и каква е понудата на телевизиска програма наменета за лицата со сетилна попреченост, и истиот беше испратен до сите ТВ сервиси. Исто така, беа спроведени интервјуа со претставниците на организациите кои ги претставуваат луѓето со оштетен вид и слух и со други релевантни организации.

Презентацијата и целото истражување „Пристап до програмите на радиодифузерите за лица со оштетен вид и слух - понуда и потреби“ се достапни на линковите во прилог:


Пристап до програмите на радиодифузерите за лица со оштетен вид и слух, потреби и понуда (презентација)

Истражување „Пристап до програмите на радиодифузерите за лица со оштетен вид и слух, потреби и понуда“ (pdf.)


Процедура за комуникација со граѓани со  одреден вид на попреченост

Во рамки на проектот „Достапна администрација за лица со хендикеп“, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесе Процедура за комуникација со граѓани со одреден вид на попреченост. Процедурата е усвоена во контекст на остварување на Програмата на Агенцијата за обезбедување на достапност до медиумите на лицата со сетилна попреченост... повеќе



Програма за обезбедување достапност до медиумите на лица со сетилна попреченост

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги континуирано е посветена кон остранувањето на бариерите кои ги спречуваат лицата со сетилна попреченост да пристапуваат до информациите и да ги користат аудиовизуелните услуги кои се достапни за повеќето граѓани во Македонија... повеќе

 


 За комуникација со граѓани со сетилна попреченост кликнете тука.

 

STRATEGIJA 2018 2022

Izbori 2016

pretstavkamk

mediumskapismenostmk

odgovorispravkamk

slika-4f-copy

licasosetilnapoprecenost

mk

zakon-avmu-mak

zm-mak