header logo

  • koi sme niee
  • sto rabotime
  • Server sala
  • Server sala 1
  • 55

MK Radiodifuzeri

OJEKM MK

Pecateni mediumi MK

Скопје, 16.02.2017г. – На 12-та меѓународна конференција е-Општество.мк, одржана на 31 јануари 2017 година, во Скопје, фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ ја презентираше изготвената студија за јавна политика „Дигитализација на радиодифузијата во Македонија: достигнувања, предизвици, перспективи“.

Во неа, е наведено дека студијата е подготвена да информира за состојбите поврзани со процесот на дигитализација на радиодифузијата во Република Македонија и да понуди аргументирани препораки, како основа за донесување одлуки и за преземање конкрет­ни акции за надминување на евентуалните проблеми што произлегуваат од овој процес.

За жал, студијата е направена со селективен пристап во начинот на елаборирање на процесот, поради што не претставува ништо повеќе од лично поимање на преминот кон дигитална телевизија и изоставување и искривување на релевантните факти поврзани со дигитализацијата на телевизијата во Македонија и со улогата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во овој процес.

Агенцијата најостро реагира на појавата на вакви студии со кои неосновано се нарушува нејзиниот углед и укажува на неопходноста секогаш да се пристапува професионално кон прашањето кое се истражува, при што особено ќе се води сметка за вистинитоста и точноста на презентираните информации.

Реакцијата што Агенцијата ја упати до фондацијата „Метаморфозис“ и до организациите кои ги финансирале споменатата студија и конференцијата, може да се преземе на следниот линк

 

STRATEGIJA 2018 2022

pretstavkamk

mediumskapismenostmk

odgovorispravkamk

slika-4f-copy

licasosetilnapoprecenost

mk

zakon-avmu-mak

zm-mak