header logo

  • koi sme niee
  • sto rabotime
  • Server sala
  • Server sala 1
  • 55

MK Radiodifuzeri

OJEKM MK

Pecateni mediumi MK

Првиот јавен состанок Агенцијата го посвети на Изборниот процес во 2016 година
PDF
Печати
Е-пошта

Prv javen sostanok 2017Скопје, 31.03.2017г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вчера го одржа првиот јавен состанок за 2017 година. На настанот, директорот на Агенцијата д-р Зоран Трајчевски, ги презентираше спроведените активности на Агенцијата согласно Годишната програма за работа за изминатото тромесечје, во делот на надзорите, активностите кои произлегоа од предлозите на Привремената комисија за следење на изборно медиумско претставување, статусот на доделени/одземени дозволи за радио и тв емитување, меѓународните и други активности.  

Изминатиот период беа изработени две правни анализи: Анализа на поведените управни спорови против актите на Агенцијата (во периодот од јануари 2016 година до декември 2016 година) и Анализа на сите преземени мерки од страна на Агенцијата и најчести прекршувања од страна на радиодифузерите, издавачите на печатените медиуми и ОЈЕКМ за 2016 година; Извештај за преземените активности на Агенцијата во насока на следење на сопственичката структура на радиодифузерите и на нивните обврски во поглед на транспарентноста на сопственоста и на изворите на финансирање во периодот од 01 јули до 31 декември 2016 година; и документот Насоки за идентификација на давателите на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по барање. За потребите на Агенцијата беше изработено Истражување за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици што емитуваат програма на државно, регионално и локално ниво, за четвртиот квартал од 2016 година, како и Годишен извештај за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици на државно, регионално и локално ниво, за 2016 година.  

Prv javen sostanok 2017 2Прегледот на поведените прекршочни постапки против радиодифузерите, како и резултатите од прекршочни постапки за Предвремените парламентарни избори во 2016 година, кои Агенцијата ги поведе врз основа на предлозите за постапување од страна на Привремената комисија за изборно медиумско претставување ги презентираше Ивона Муфишева Алексовска, раководителка на Одделението за нормативно-правни работи. Привремената комисија за изборно медиумско претставување, до Агенцијата достави вкупно 260 предлози за постапување, од кои 192 за неизрекување, односно 67 за изрекување мерка. Во однос на прекршочните постапки покренати се 63 прекршочни постапки, од кои 43 прекршочни постапки-опомена и 20 прекршочни постапки-глоба. Роковите во кои првостепените судови донеле одлука по поднесените барања за поведување на прекршочна постапка, варира од 2 до 104 дена, од денот на поднесувањето на барањето до судот, додека роковите дадени од страна на првостепените судови за вложување жалба на нивните пресуди со кои е изречена опомена, се движи од 24 часа, 48 часа и 8 дена. Рокот во кој Апелациониот суд одлучувал по поднесените жалби, варира, од 1 до 3 дена.

Prv javen sostanok 2017 1Изборниот законик низ годините, неколкупати се менуваше непосредно пред секој изборен процес. Често се менуваа и одредбите што се однесуваат на медиумите, a посуштински промени кај одредбите за медиумско претставување имаше и во измените направени во 2014, 2015 и во 2016 година. Агенцијата констатираше повеќе слабости и недоречености во Изборниот законик кај овие одредби, за кои во неколку наврати го информираше и надлежното Министерство за правда. И по завршување на изборниот процес во 2016 година, Агенцијата смета дека има недостатоци во дел од одредбите поврзани со медиумското претставување. Неопходни се промени кои се однесуваат на мониторингот на интернет порталите; правилата за правично, избалансирано и непристрасно известување; бесплатното претставување на Собранискиот канал; платеното политичко рекламирање; обврските за известување на ДИК и казнените одредби и рокови за постапување, истакна Емилија Јаневска, раководителката на Секторот за програмски работи која ги претстави забелешките и размислувањата на Агенцијата, и потребите за измени во Изборниот законик.

Презентациите од првиот јавен состанок може да се преземат на следниве линкови:

 д-р Зоран Трајчевски 

Спроведени активности согласно годишната програма за работа на АААВМУ

м-р Ивона Муфишева

Резултати од прекршочните постапки за повреди на одредбите од Изборниот законик за Предвремените парламентарни избори за пратеници во Собранието во Република Македонија во 2016 година 

м-р Емилија Јаневска

Потреби за измени на Изборниот законик 

 

STRATEGIJA 2018 2022

Izbori 2016

pretstavkamk

mediumskapismenostmk

odgovorispravkamk

slika-4f-copy

licasosetilnapoprecenost

mk

zakon-avmu-mak

zm-mak