header logo

  • koi sme niee
  • sto rabotime
  • Server sala
  • Server sala 1
  • 55

MK Radiodifuzeri

OJEKM MK

Pecateni mediumi MK

Работен состанок за правилата за известување до почетокот на изборната кампања
PDF
Печати
Е-пошта

Slika 2 11.08.2017Скопје, 11.08.2017г. – Претставници на националните телевизии и радија денеска, уште еднаш имаа можност да се потсетат на правилата за изборно медиумско известување. Имено, во рамките на активностите поврзани со мониторингот на Локалните избори 2017 година, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги организираше работен состанок чија тема беа обврските на радиодифузерите во периодот од распишување на изборите до започнување на изборната кампања.

Подетално беа објаснети предметот на мониторингот, обврските коишто радиодифузерите согласно Изборниот законик ги имаат во овој период, како и начинот на кој ќе бидат мониторирани. Беше посочено дека Агенцијата во овој период ќе следи дали се почитуваат новинарските стандарди и генерално плурализмот на ставовите и гледиштата во известувањето, како и забраните за емитување платено политичко рекламирање, реклами финансирани од буџетски средства, истовремено учество на уредници, новинари, водители и презентери во радио и телевизиски програми и во предизборни активности на политички партии и коалиции, заSlika 1 11.08.2017браната за употреба на дискриминација и говор на омраза во известувањето. Ќе се набљудува и известувањето за активностите на државните органи, органите на општините и на градот Скопје, на државните институции и организации, како и за правни и други лица на кои со закон им е доверено вршење јавни овластувања, кое не смее да биде во функција на нечие изборно медиумско претставување.

Презентацијата од работниот состанок за правилата за изборно медиумско известување до почетокот на изборната кампања, може да се погледне на следниот линк.

 

izborimk

STRATEGIJA 2018 2022

MK Inforaci od javen karakter 3

pretstavkamk

mediumskapismenostmk

odgovorispravkamk

slika-4f-copy

licasosetilnapoprecenost

mk

zakon-avmu-mak

zm-mak