Надлежности на Агенцијата

image_pdfimage_print

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е самостојно и независно непрофитно регулаторно тело со статус на правно лице со јавни овластувања.

Согласно со член 6 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Агенцијата ги има следниве надлежности:

– се грижи за обезбедување на јавност во работата на радиодифузерите;

– се грижи за заштита и развој на плурализмот на аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, охрабрува и подржува  постоење на разновидни, независни и самостојни аудио и аудиовизуелни медиумски услуги;

– презема мерки во согласност со овој закон во случаите кога е извршена повреда на одредбите на овој закон или на прописите донесени врз основа на него и условите и обврските од дозволите ;

– се грижи за обезбедување заштита на малолетните лица;

– ги донесува актите кои произлегуваат од овој закон;

– се грижи за заштита на интересите на граѓаните во областа на аудио аудиовизуелните медиумски услуги;

– утврдува постоење на недозволена медиумска концентрација;

– одлучува за доделба, одземање или продолжување на дозволите за телевизиско или радио емитување;

– презема мерки за времено ограничување на пренос и прием на  аудио и аудиовизуелни медиумски услуги  од други држави на територијата на Република Македонија согласно членот 45 од овој закон;

– донесува листа на настани од големо значење за јавноста на Република Македонија;

– поттикнува медиумска писменост;

– врши надзор согласно членовите 28, 29 и 30 од овој закон;

– ги води регистрите утврдени со овој закон;

– спроведува истражувања и анализи во врска со одделни прашања од областа на аудио  и аудиовизуелни медиумски услуги,

– врши мерење на гледаност или слушност на програмите, односно програмските сервиси на радиодифузерите од Република Македонија;

– го пропишува начинот на мерење на гледаност или слушност на програмите, односно програмските сервиси на радиодифузерите од Република Македонија и

– врши и други работи утврдени со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.



Accessibility

Accessibility