Оператори

image_pdfimage_print

Операторите на јавни електронски комуникациски мрежи ги пренесуваат аудио-визуелните содржини (телевизиски и радио содржини, аудио и видео услуги на барање, платена телевизија и сл.) преку различни телекомуникациски платформи (аналогни или дигитални (DVB-C) коаксијлни или оптички кабли, бакарни телефонски водови (IPTV), безжични дигитални земски (DVB-T) или сателитски (DVB-S) мрежи и други до крајните консументи – публиката.

Без разлика на која платформа се пренесуваат содржините и без разлика на тоа дали начинот на нивниот пренос е аналоген или дигитален, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи мораат нивните програмски пакети да ги регистрираат во Агенцијата за аудио и aудиовизуелни медиумски услуги. На овој начин регулаторот за медиумски содржини – Агенцијата за аудио и aудиовизуелни медиумски услуги – ги штити авторските права на создавачите на аудио-визуелните содржини и осигурува плуралистички амбиент и програмска разноликост во аудио-визуелните содржини, што се реемитуваат низ јавните електронски комуникациски мрежи.

excel-logo Преземи регистар на оператори кои реемитуваат програмски пакети (ажурирано на 07.06.2018)



Accessibility

Accessibility