Радиодифузери

Медиумскиот сектор во Република Македонија се состои од три сегменти: (1) јавен сервис (Македонската радиотелевизија), (2) комерцијални телевизии и радија и (3) непрофитни радија.

Радио или телевизиско емитување може да се врши само врз основа на дозвола, којашто ја доделува Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Периодот на важност на дозволите за телевизиско или радио емитување е девет години со можност за продолжување, исто, за 9 години.

Во моментов има вкупно 123 радиодифузери, од кои 53 телевизии и 70 радија. Од телевизиите, 13 емитуваат програма на државно ниво (5 преку мултиплекс, 4 преку кабелски оператори и 4 преку сателит); 20 на регионално ниво (10 преку мултиплекс и 10 преку кабелски оператори) и 20 локалнa телевизиja (преку кабелски оператори).

Од радијата, 3 емитуваат програма на државно ниво, 17 на регионално (од кои едно непрофитно) и 50 на локално ниво (2 се непрофитни).

Агенцијата врши надзор врз работењето на радиодифузерите од повеќе аспекти: заштита на малолетната публика, рекламирање, спонзорство, пласирање производи, обврските за емитување музика и за изворно создадени програми…

За секој извршен надзор се изготвува извештај. Ако е констатирано прекршување, на радиодифузерот му се изрекува мерка – опомена, односно, доколку се продолжува со вршење на истата повреда на законот, во текот на годината, се покренува прекршочна постапка пред надлежен суд.

 

ТЕЛЕВИЗИИ

РАДИЈА