Расправи во тек

Отворена јавна расправа за Нацрт-Методологија за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборни процеси

Скопје, 24.08.2018г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од денес отвора јавна расправа за текстот на Нацрт-Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборни процеси.

Потребата за овој документ произлезе од измените во Изборниот Законик поврзани со изборното медиумско претставување  и надлежностите на Агенцијата, а во него се содржани сите релевантни одредби за медиумското претставување за време на избори и се прецизира начинот на кој Агенцијата го врши мониторингот.

Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа, и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на contact@avmu.mk.  Јавната расправа е отворена до 22 септември 2018 година.