Родот и медиумите

image_pdfimage_print

Согласно Законот за еднакви можности на жените и мажите од 2012 година, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, изготвува годишни анализи на третманот што го добиваат родовите прашања во дневно – информативните емисии и на начинот на кој жените и мажите се претставени во програмите на националните телевизиски сервиси во Република Македонија. Согласно истиот закон, Агенцијата еднаш годишно поднесува извештај до Собранието на Република Македонија за начинот на прикажување и претставување на жените и на мажите, како и за родовите прашања во програмските концепти и содржини на радиодифузерите.

Од 2013 година, наваму, Агенцијата, на родовите прашања посветува особено внимание. На 11-ти ноември 2013 година, одржана е јавна седница посветена на родот и медиумите. Еден месец подоцна, одржана е работилница за зајакнување на капацитетите на медиумските професионалци за прашањата на родовата еднаквост.

Во 2014 година, одржана е дебата  „Критичко разбирање на медиумите – род, млади, медиумска писменост“.

Вообичаено, Агенцијата, јавно ги презентира резултатите од спроведените годишни анализи за родовите прашања.

============================================================================================================================

Нова алатка за родовата еднаквост во медиумите

  Во рамките на настојувањето на медиумските професионалци и на другите заинтересирани чинители континуирано да им обезбедува алатки за подигнување на свеста за улогата на медиумите во постигнувањето еднаквост меѓу жените и мажите, Агенцијата ја преведе Препораката за родова еднаквост во аудиовизуелниот сектор што Советот на Европа ја усвои во септември 2017 година.

Препораката CM/Rec(2017)9 од Комитетот на министри до земјите-членки  за родова еднаквост во аудиовизуелниот сектор е достапна на следниот линк.

 

===========================================================================================================================

Мизогамија и сексизам на програмите на три радио станици

Во ноември 2017 година, Агенцијата утврди дека емитуваните спотови од заедничка кампања во сопствена продукција на Сити Радио, Клуб ФМ и Метрополис Радио Мрежа, која, како што се вели во нив, е наменета за „сите пре-еманципирани жени“, претставуваат дискриминација врз основа на пол, ширење мизогинија и сексизам што е флагрантно кршење на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, поради што поднесе претставка до Комисијата за заштита од дискриминација на РМ. Повеќе информации на линкот.
 
 
Во врска со поднесената претставка на Агенцијата, Комисијата за заштита од дискриминација на РМ до Агенцијата, во февруари 2018 година достави Допис – мислење со кое се утврдува вознемирување по родова основа направено од страна на Сити радио, кое предизвикува повреда на достоинството на жената, со спотовите од кампањата за прееманципираните жени емитувани на 30 октомври 2017 година. 

===========================================================================================================================

Поплаки и претставки во врска со родовата еднаквост

Анализи за родот во телевизиските програми

Анализи на структура на вработените во аудио и аудиовизуелната индустрија

Релевантни европски документи

Извештаи од координаторот за еднакви можности

 



Accessibility

Accessibility