16.04.2009г. Претседателот на Советот за радиодифузија и амбасадорот на ОБСЕ со заедничка позитивна оценка за работата на СРД во текот на изборите

СКОПЈЕ, 16 април 2009 – Советот за радиодифузија (СРД) најпрофесионално го изведе мониторингот на медиумите за време на последните избори – ова е заклучокот од синоќешната средба на претседателот на СРД Зоран Стефаноски со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје,
амбасадорот Хозе Луис Хереро. Амбасадорот Хереро ја пофали работата на СРД за време на изборите: “ОБСЕ/ОДИХР е целосно задоволен од работата на СРД за време на изборите.”

“Советот за радиодифузија придонесе овие избори да добијат позитивен печат, обезбедувајќи демократски амбиент во сферата на медиумите. Резултатите што ги постигнавме се навистина позитивни” – додаде претседателот на СРД, Зоран Стефаноски. Амбасадорот Хереро исто така го поздрави докомплетирањето на СРД со уште три члена. Претседателот Стефаноски најави дека СРД активно ќе го даде неговиот придонес во унапредувањето на медиумската легислатива, што претстои во наредниот период. ОБСЕ и СРД најавија различни облици на заедничка соработка во иднина.



Accessibility

Accessibility