19.11.2009г. СРД го осуди нападот врз новинарот од магазинот „Крема“

Скопје, 19 ноември 2009 – Членовите на Советот за радиодифузија (СРД) упатија најостра осуда на последниот напад врз претставник од медиумите.

„Слободата на изразување е признаено како човеково право во Членот 19 од Универзалната декларација за човековите права и е одлика на демократско општество; секој облик на загрозување на слободата на говор и слободата на медиумите води кон тоталитаризам.“ – нагласи претседателот на СРД, Зоран Стефаноски.

СРД исто така ги повикува и медиумите да се придржуваат до професионалните стандарди во известувањето.



Accessibility

Accessibility