Стратегии за развој

image_pdfimage_print

Презентирана работната верзија на Стратегијата на регулаторното тело за развој на аудио и аудиовизуелната дејност за период 2019 – 2023г.

Скопје, 25.12.2018г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес одржа состанок, на кој ја презентираше работната верзија на Стратегијата на регулаторното тело за развој на аудио и аудиовизуелната дејност за периодот од 2019 до 2023 година.  Во Стратегија се утврдени насоките за дејствување на Агенцијата и активностите што ќе бидат преземени во следните пет години, а кои ќе придонесат да бидат подобрени голем број од аспектите во областа на медиумите.

Сите заинтересирани страни свои мислења и предлози во однос на работната верзија на Стратегијата, можат да достават на contact@avmu.mk, најдоцна до 25.01.2019 година.


Отпочна подготовката на Стратегијата за развој на аудио и аудиовизуелната дејност 2018-2022 година

Скопје, 15.05.2017г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го означи официјалниот почеток на подготовка на Стратегијата за развој на аудио и аудиовизуелната дејност за периодот од 2018 до 2022 година.

Целта на Стратегијата е да се мапираат тековните состојби во коишто се наоѓаат аудио и аудиовизуелната дејност да се утврдат цели и насоки за развој на овие дејности во следните пет години, како и конкретни активности за остварување на овие цели. Стратегијата е предвидена во Програмата за работа на Агенцијата за 2017 година и истата се планира да биде резултат на широк консултациски процес со сите чинители во дејноста со цел истата да ги опфати и соодветно адресира сите клучни прашања на засегнатите страни во медиумската дејност.

Во Стратегијата ќе бидат определени активности со коишто Агенцијата јасно ќе ја позиционира својата улога како регулатор во поттикнување на развојот на дејноста, а соодветни предлози и проактивни активности преку кои голем број од аспектите во областа на медиумите би биле битно подобрени, се очекува да дадат и главните чинители во индустријата и субјектите коишто подлежат на регулација.

Придонес за Стратегијата од аспект на искуства и резултати од работењето, Агенцијата очекува и од институциите, преку своите надлежности, и граѓанските организации, преку бројните проекти од областа на медиумите кадешто Агенцијата има дадено целосна поддршка.

Агенцијата смета дека Стратегијата за развој на аудио и аудиовизуелната дејност 2018-2022 година, треба да се насочи кон шест области прикажани на следниот линк, а предлози за Стратегијата, до крајот на мај 2017 година, можат да се достават на е-адресата strategija2022@avmu.mk


Предлог – Стратегија за развој на радиодифузната дејност во Р.М. (2013-2017) со акциски план

Стратегија за развој на радиодифузната дејност во Р.М. (2007-2012)



Accessibility

Accessibility