Структура на вработените во аудио и аудиовизуелната медиумска индустрија во 2018 година

image_pdfimage_print

Скопје, 18.09.2019г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги веќе неколку години наназад изработува анализи на структурата на вработените во аудио и аудиовизуелната медиумска индустрија. Во ова анализа е даден преглед на структурата на вработените во аудио и аудиовизуелната медиумска индустрија во 2018 година. Поточно, анализирани се податоците за состојбата на 31.12.2018 година, и тоа за структурата на вработените од аспект на работните места, полот, образованието, статусот (во редовен работен однос или хонорарно ангажирани), како и од аспект на етничка припадност. Податоците ги доставија самите радиодифузери, на посебен образец пропишан од Агенцијата.

Во анализата засебно се претставени податоците за јавниот радиодифузен сервис, за комерцијалните телевизии и за комерцијалните радиостаници.

Анализата на структурата на вработени во аудио и аудиовизуелната медиумска индустрија во 2018 година може да се преземе на следниот линк



Accessibility

Accessibility