Изречена мерка jавна опомена на ТВ Канал-21 од Велес

image_pdfimage_print

Скопје, 20 септември 2019 – Советот на Агенцијата на денешната 35-та седница за 2019 година, донесе решение со кое јавно се опоменува ТВ Канал-21 од Велес.

Решението е донесено врз основа на извештај од надзор и констатирано не емитување најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудио или аудиовизуелни дела, од која најмалку половина во период од 07:00 до 19:00 часот.

На радиодифузерот му е наложено во рок од 30 дена од денот на приемот на решението, да го усогласи своето работење со одредбите од ЗААВМУ.

Мерката јавна опомена е достапна на линкот:

 ТВ Канал-21 (член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 20.09.2019



Accessibility

Accessibility