Вонреден програмски надзор врз ТВ Нова

image_pdfimage_print

Скопје, 13.11.2019г. – Агенцијата по службена должност, изврши вонреден програмски надзор врз ТВ Нова од Гевгелија за да утврди дали програмите на странски јазици што се емитуваат на програмите на радиодифузерот се преведени на македонски јазик и дали истиот радиодифузер емитува најмалку 30% програма создадена како македонски аудио и аудиовизуелни дела во периодот од 07:00 до 19:00 часот.

Со надзорот е опфатен 14 октомври 2019 година и истиот покажа дека во рамки на музичката емисија „Шоу на Том Џонс“, во повеќе наврати се емитувани кратки разговори на англиски јазик, без превод на македонски јазик и не е емитувано најмалку половина од законскиот минумум изворно создадена програма како македонски аудио и аудиовизуелни дела во периодот од 07:00 до 19:00 часот.

 Извештаите се достапни на следните линкови:

ТВ Нова – (член 64 став 3 од ЗААВМУ) – 13.11.2019

ТВ Нова – (член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 13.11.2019



Accessibility

Accessibility