Скопје, 31.12.2019 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како дел од заложбите за отчетност и транспарентност, а притоа следејќи ја својата воспоставена пракса за објавување на трошоците на директорот д-р Зоран Трајчевски на секои шест месеци, ја информира јавноста за следново:
Во втората половина на 2019 година, односно во периодот од 01 јули до 31 декември, директорот Трајчевски, при вршење на својата функција, има направено трошоци во вкупен износ од 351.141,00 денари и тоа по следните ставки:
1. При патувања во странство – 233.523,00 денари од кои:
- за авионски билети – 104.245,00 денари и
- за хотелско сместување – 129.278,00 денари.
2. Трошоци за репрезентација, односно угостителски услуги со претставници на регулаторни тела за медиуми, дипломатски претставници и деловни партнери – 103.166,00 денари.
3. За службен мобилен телефон – 14.452,00 денари.