Отворена Jавна расправа за две Нацрт-Упатства и еден Нацрт-Правилник за измена и дополнување на Правилник

image_pdfimage_print

Скопје, 28.02.2020 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од денес отвора Јавна расправа за текстот на:
– Нацрт–Упатство за начинот на регистрација и бришење на законски застапник на радиодифузер од друга држава во регистарот на законски застапници на радиодифузери од други држави кои се реемитуваат на територијата на Р.С. Македонија, со прилог Образец;

– Нацрт–Упатство за постапката за утврдување на одговорноста за сторена повреда или прекршување при реемитување на програмски сервиси на радиодифузери од друга држава; и

– Нацрт–Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за содржината и формата на пријавата за евидентирање во регистарот на оператори кои реемитуваат програмски пакети и на потврдата за регистрација на програмски пакети/сервиси бр.01-5775/1 од 21.11.2014 година, со четири прилози кон Нацрт-Правилникот.

Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни да учествуваат во Jавната расправа по нацрт документите, и своите мислења и предлози во писмена форма да ги достават по електронски пат на contact@avmu.mk.

Поради настанатата состојба со глобалната пандемија на Корона вирусот (Covid 19) и препораките на Владата за превенција и ширеше на заразата, рокот за времетраењето на Јавната расправа се продолжува за период од 30 дена, кои ќе почнат да се сметаат од денот на завршувањето на вонредната состојба во земјава.

 

 

 



Accessibility

Accessibility