Извештај од медиумското известување за Предвремени парламентарни избори за период 17 февруари-16 март 2020 година

image_pdfimage_print

Скопје, 26.03.2020 година – Врз основа на обврските од член 76-в од Изборниот законик, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го започна мониторингот на изборното медиумско претставување на 17 февруари 2020 година, следниот ден по распишувањето на Предвремените парламентарни избори закажани за 12 април 2020 година.

Мониторингот се спроведуваше врз примерок од 10 радио и телевизиски програмски сервиси: МРТ1,  МРТ2 Програма на албански јазик, ТВ Алсат – М, ТВ Алфа, ТВ Канал 5, ТВ Сител, ТВ Телма, ТВ 21-М, ТВ 24 Вести и Првата програма на Македонското радио. Во согласност со Методологијата за мониторинг, за другите медиуми се постапуваше по претставки.

Извештајот е за начинот на известување на радиодифузерите опфатени со мониторингот во првата фаза од изборниот процес, односно за периодот од распишувањето на изборите до почетокот на изборната кампања. Поконкретно за периодот од 17 февруари до 16 март 2020 година, бидејќи Агенцијата го запре мониторингот заклучно со 16 март, по постигнувањето консензус меѓу политичките партии за одложување на изборите и прогласувањето вонредна состојба од претседателот на државата поради пандемијата со Ковид-19.

Изборните дејствија за спроведување на изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, официјално беа прекинати со Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес што Владата ја донесе на седницата одржана на 21 март 2020 година. Според Уредбата, спроведувањето на изборните дејствија ќе продолжи по престанокот на вонредната состојба, а сите преземени дејствија до стапување во сила на Уредбата се сметаат за важечки.

Извештај од медиумското известување за Предвремени парламентарни избори за период 17февруари-16 март 2020 година е достапен на линкот.

 

 



Accessibility

Accessibility