Скопје, 15 јуни 2020 година – На денешната 22-ра седница за 2020 година, Советот на Агенцијата усвои три подзаконски акти коишто се однесуваат на изборното медиумско претставување на радиодифузерите, и тоа:
- Методологија за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборни процеси;
- Упатство за лимитите за платено политичко рекламирање за изборите во 2020 година; и
- Упатство за потврдување на извештаите за емитувано платено политичко рекламирање.
Пред да бидат усвоени подзаконските акти, беше отворена јавна расправа на која беа повикани сите заинтересирани страни да достават забелешки, мислења и предлози.