Усвоена измена на Упатството за лимитите за платено политичко рекламирање за Изборите во 2020 година

image_pdfimage_print

Скопје, 19 јуни 2020 година – Согласно Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието на РСМ, донесена од Владата на Република Северна Македонија на 15 јуни 2020 година, на денешната 23-та седница на Советот на Агенцијата, направена е измена на Упатството за лимитите за платено политичко рекламирање за изборите во 2020 година.

Измената е направена поради промена на лимитите за платено политичко рекламирање со Уредбата, кои имаат влијание речиси врз сите одредби од претходно усвоеното упатство, како и за допрецизирање на табелата во точка 4 од Упатството.

Упатството за лимитите за платено политичко рекламирање за изборите во 2020 година е достапно на линкот.



Accessibility

Accessibility