Скопје, 10 септември 2020 – Агенцијата за аудио и аудиовиозуелни медиумски услуги го осудува нападот на новинарската екипа на Ал Џазира на вчерашниот протест во Скопје и потсетува дека ваквите појави претставуваат загрозување на слободата на изразување и на правото на информирање на јавноста.
На медиумите треба да им се обезбедат услови за професионално работење и медиумските работници во ниту еден момент не смеат да бидат попречени во вршењето на своите работни задачи.