Скопје, 28 септември 2020 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги веќе неколку години наназад изработува анализи на структурата на вработените во аудио и аудиовизуелната медиумска индустрија.
Во анализата е даден преглед на структурата на вработените во аудио и аудиовизуелниот медиумски сектор во 2019 година, односно податоци за вкупниот број на вработени во јавниот сервис и во комерцијалните телевизии и радиостаници.
Податоците се анализирани од аспект на работните места на кои тие биле ангажирани, статусот (редовен работен однос или хонорарен ангажман), полот, степенот на образование и етничката припадност.
Анализата на структурата на вработени во аудио и аудиовизуелната медиумска индустрија во 2019 година може да се преземе на следниот линк.