Контролен програмски надзор врз 7 радиодифузери

image_pdfimage_print

Скопје, 06.11.2020г. – За да утврди дали е постапено по решенијата за преземање меркa јавна опомена, заради непочитување на правилата за употреба на јазикот во програмите, пласирање производи и заштита на малолетните лица од програми што би можеле да им наштетат на нивниот физички или морален развој, Агенцијата изврши контролен надзор врз ТВ К&М Кисс&Менада од Тетово, ТВ Полог од Тетово, ТВ Сонце од Прилеп, ТВ Шења од Скопје, ТВ Клан Мацедониа од Тетово, Македонска Радиотелевизија МРТ2 и ТВ Компани 21-М од Скопје.

Контролниот надзор покажа дека ТВ Компани 21-М не постапила по мерката јавна опомена, односно на 13 октомври 2020 година, не ги означи промотивните најави за серијалите “Kalbimdeki Deniz” и “Şampyon” со соодветен визуелен знак од предупредувачката сигнализација за категоријата програма што се највува.

Извештаите се достапни на следните линкови:

ТВ К&М Кисс&Менада – (член 64 став 1 од ЗААВМУ) – 06.11.2020

ТВ Полог – (член 64 став 1 од ЗААВМУ) – 06.11.2020

ТВ Сонце – (член 64 став 1 од ЗААВМУ) – 06.11.2020

ТВ Шења – (член 55 став 7 од ЗААВМУ) – 06.11.2020

ТВ Клан Мацедониа – (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 06.11.2020

Македонска Радиотелевизија МРТ2 – (член 64 став 1 од ЗААВМУ) – 06.11.2020

ТВ Компани 21-М – (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 06.11.2020



Accessibility

Accessibility