​Вонреден програмски надзор врз 7 оператори

image_pdfimage_print

Скопје, 5 јануари 2021г. – Агенцијата изврши вонреден програмски надзор врз 7 оператори на јавни електронски комуникациски мрежи, со цел да утврди дали ги реемитуваат програмските сервиси коишто беа регистрирани во Агенцијата врз основа на Генералниот лиценциран договор (2017-2019) склучен помеѓу имателите на права, ЗАМП и операторите, а чија важност беше заклучно со 31.12.2020 година.


Со надзорот беше констатирано дека операторите престанале со реемитување на програмските сервиси кои беа регистрирани во Агенцијата врз основа на Генералниот лиценциран договор, а чија важност беше заклучно со 31.12.2020 година.

Извештајот е достапен на линкот: Општ извештај за 7 оператори (член 141 од ЗААВМУ) – 05.01.2021



Accessibility

Accessibility