Скопје, 1 март 2021 – Советот на Агенцијата на денешната 7-ма седница, усвои нови обрасци за извештаите на радиодифузерите за спроведување на обврските утврдени во дозволите за радио и телевизиско емитување.
Радиодифузерите согласно одредбите од член 15 став 5 од Законот за медиуми, имаат обврска најдоцна до 31 март 2021 година, до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на посебен образец да достават извештај за спроведувањето на обврските утврдени во дозволата за радио или телeвизиско емитување, особено за програмскиот концепт. Во прилог на извештајот треба да достават информација за техничките средства преку кои се емитува или реемитува програмскиот сервис во државата и надвор од неа.
Обрасците за спроведување на обврските утврдени во дозволата за радио или тв емитување се достапни на следните линкови:
Образец_Извештај за спроведување на обврските утврдени во дозволата за телевизиско емитување
Образец_Извештај за спроведување на обврските утврдени во дозволата за радио емитување