Радиодифузерите денес, утре и задутре да ја прилагодат програмата со деновите на жалост

image_pdfimage_print

Скопје, 9 септември 2021 – По повод трагедијата којашто синоќа се случи во модуларната болница за Ковид пациенти во Тетово, Владата на РСМ ги прогласи 9, 10 и 11 септември 2021 година за денови на жалост.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги повикува радиодифузерите да ја прилагодат програмата на деновите на жалост, така што забавните шоу програми, хумористичните емисии или играната програма од жанрот комедија, планирани да се емитуваат овие три дена, ќе ги прераспоредат за други денови од седмицата.

Музиката што ќе ја емитуваат радиодифузерите треба да биде од музички жанрови соодветни за денови на жалост. Доколку тоа го дозволуваат веќе склучените договори, препорачливо е овие три дена да не се емитува рекламирање.



Accessibility

Accessibility