Вонреден програмски надзор врз ТВ Дуе и ТВ Сити

image_pdfimage_print

Скопје, 25 февруари 2022г. – Агенцијата по службена должност изврши вонреден програмски надзор врз ТВ Сити за да утврди дали на програмата дневно е емитувано минимум 30% програма изворно создадена како македонски аудио или аудиовизуелни дела во период од 7:00 до 19:00 часот, и врз ТВ Дуе за обврските при употреба на јазикот во програмите на радиодифузерот.

Со надзорот е констатирано дека ТВ Сити на програмата емитувана на 10 февруари нема емитувано најмалку половина од законскиот минимум изворно создадена програма како македонски аудиовизуелни дела во период од 7:00 до 19:00 часот, додека ТВ Дуе во програмата емитувана на 11 февруари во цртаните филмови „Маша и Медо“ и „Том и Џери“, деловите во кои има говор се дадени изворно на руски и англиски јазик, без да се обезбеди превод на албански јазик, јазикот на кој што медиумот емитува програма согласно дозволата.

Извештаите од надзорите се достапни на линковите:

ТВ Сити – (член 92 став 3 од ЗААВМУ) – 25.02.2022

ТВ Дуе – (член 64 од ЗААВМУ) – 25.02.2022



Accessibility

Accessibility